Шпанската полиција соопшти дека повторно ќе се обиде да ја извлече подморницата, за која се верува дека е натоверена со неколку тони кокаин, и да ја довлече до пристаништето Алдан. Активностите за извлекување на подморницата прекинаа поради лоши временски услови.
Подморницата потонала додека полицијата се обидела да ја пресретне кај брегот на северозападна Галиција. Доколку се утврди дека во неа навистина има кокаин, тоа ќе биде првпат подморница да биде користена за превоз на овој вид дрога во Шпанија.
Двајца членови на екипажот од Еквадор се уапсени, додека третиот успеал да избега.