Расте насилството меѓу нарко-бандите во Европа

Европскиот центар за следење на пазарот на наркотици, денеска соопшти дека забележан е тренд на зголемување на насилството меѓу нарко-бандите кои дејствуваат на континентот.

Во годишниот извештај на агенцијата се наведува и дека на пазарот за дрога, корисниците од ЕУ се повеќе имаат пристап до различни видови производи со висока чистота, но и висок ризик по здравјето, пренесува АП. Додадено е дека овие производи се достапни по иста цена како и евтините, што не било случај пред 10 години.

Во Европа најмногу се користи канабис, чија цена во 2017 година достигнала вредност од 11,6 милијарди евра, а потоа следува кокаинот, чија вредност на пазарот пред две години била 9,1 милијарди евра.

Центарот, со седиште во Лисабон, во извештајот објави дека недозволената трговија со дрога е највредниот пазар за криминалните организации во ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави