Русија нема податоци дека Турција планира да го прекрши Меморандум од Сочи за заеднички чекори за решавање на кризата во североисточна Сирија, како што тврдеше коалицијата на Сириските демократски сили предводена од Курдите, изјави пред новинарите рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Кога станува збор за спроведување на руско-турскиот меморандум од 22 октомври, ние немаме никакви информации да потврдиме дека Турција ќе го прекрши“, рече Лавров, пренесува ТАСС.