Батон поминал 17 часа во пустина по несреќа со автомобилот на Баха 1000

Светскиот шампион во Формула 1 за 2009 година, Џенсон Батон, поминал 17 часа во пустината поради несреќа со неговиот автомобил на Баха 1000.

Британецот уште од напуштањето на Формула 1 е вклучен во разни автомобилски дисциплини, вклучително и „офроуд”.

– Стартувавме добро, надминавме некои машини. Пронајдовме добар ритам. По 235 милји со мојот навигатор, слушнавме гласен татнеж и моторот згасна. Диференцијалот беше скршен. Проблемот беше што застанавме на многу затскриено место. Поминавме цела ноќ под ѕвездите”, прокоментира Батон.

Треба да знаете
Последни објави