Снимката на надзорните камери на Скадарлија во Сараево покажуваат колкав бил потресот чиј епицентар бил во Невесиње.
Снимката ја покажува една од најпрометните раскрсници во државата.
Граѓаните на улица не го почувствувале толку многу земјотресот, но оние кои го почувствувале биле во зградите.
Камерата која ја снимала таа раскрсница значително се затресла, а во моментот на земјотресот птиците одлетале кон дрвјата кои се наоѓале во околината.
Јачината на земјотресот била 5.4 степени според Рихтер, а епицентарот бил на шест километри од Благај.
Земјотресот кој утрово ја погоди Албанија, а кој силно се почувствува и во регионов е еден од најсилните земјотреси регистрирани покрај оној од 1979-та година, изјавиле од Заводот за сеизмологија.