(Видео)„Бед блу бојси“ тепаа навивачи на Атланта пред „Сан Сиро“

Жестока тепачка се случи меѓу навивачите на Аталанта и Динамо Зaгреб пред стадионот „Сан Сиро“ воочи пресметката од Лигата на шампионите.

Како што пренесуваат хрватските медиуми подебелиот крај го извлекле домашните навивачи на Аталанта кои останале да лежат на асфалтот.

Полицијата брзо интервенирала и спречила поголема ескалација на инцидентот. Инаку на „Сан Сиро“ се очекуваат околу 15. 000 гледачи за вешерашниот натпревар кој може да биде клучен за следниот патник во елиминацијската фаза во Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави