Во Грција за два дена четири жртви од невремето „Гирионис” и материјална штета

Невремето „Гирионис”, што од неделата вечерта ја зафати Грција, денеска поминува во третата и последна фаза, одзеде четири животи и предизвика материјална штета, а во неколку делови од земјата прогласена е вонредна состојба, јави дописничката на МИА од Атина.

На грчкиот остров Родос, 75 годишна жена вчера беше пронајдена мртва во нејзиниот дом, што поради силниот и обилен дожд се поплавил, а таа била неподвижна и не можела да се спаси.

На островот Кос, 76годшна жена- зимски пливач била пронајдена мртва на плажата на која што секое утро одела да плива.

Поради невремето, како што вчера објави МИА, во превртен чамец на пристаништето на градот Антирио, животот го загубија две лица.

Сериозна материјална штета од поплавите претрпеа патните мрежи на островите Родос, Лимнос и Тасос, како и Халкидики, Кавала и областа Кинета во западниот дел на Атика, поширокиот регион на Атина.

Генералниот секретар за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас прогласи вонредна состојба во неколку општини на Тасос и Родос и во Кавала.

Треба да знаете
Последни објави