Најмалку 23 лица се извлечени од под урнатините на една зграда во Драч, а помеѓу нив е и едно дете.
Сите тие се хоспитализирани во најблиската болница.
Во меѓувреме гинекологот Аника Докле изјави дека 20 минути по силниот земјотрес што ја погоди Албанија, родени се близначки.
– Јас и моите пријатели овој пат повторно сме во породилиште. Близначките се родени 20 минути по земјотресот. Ова е најдобар симбол на континуитетот на животот. Немам зборви!, напиша Докле на Фејсбук, без да прецизира каде се родени близначките.
Во силниот земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала кој рано утрово ја погоди Албанија, загинаа најмалку девет лица, а повредени се повеќе од 300 луѓе.
Албанија потоа ја погодија и повеќе последователни потреси.