Гаревски: Потреси ќе има, ама македонските граѓани се безбедни

Објектите во Македонија изградени после 1963 година кога беше катастрофалниот земјотрес во нашата земја се сигурни. Македонските граѓани немат потреба да создаваат паника. По силниот земјотрес во Драч се очекуваат и зголемен број на афтершокови, но македонските граѓани се безбедни, порачува Михаил Гаревски, поранешниот директор на скопскиот Институт за земјотресно инжењерство и сеизмологија.

– Апелирам граѓаните во земјава, да бидат смирени, бидејќи не може да се очекува дека овој земјотрес во централното подрачје на Драч да предизвика активирање на некој од сеизмички активните региони во Македонија. Исто така нема простор за паника, бидејќи поголемиот број на повреди при земјотреси се случува при бегање или пак од удари од предмети кои се во домот. Затоа и при посилен удар пожелно е да се засолниме под цврст предмет, маса, за да се заштитиме од повреда, објаснува Гаревски.

Според него иако овој земјотес е посилен по ослободената енергија од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963, сепак  поради оддалеченоста, ниту еден од овие афтершокови, поради атенулацијата на забрзувањето, не може да доведат до никакви оштетувања на било кој објект на територијата на Македонија.

Треба да знаете
Последни објави