Гвардиола: Клоп ја сака Премиер лигата, јас сум за ЛШ, можеме да си ги размениме трофеите

Тренерот на актуелниот англиски фудбалски шампион Манчестер сити, Пеп Гвардиола се пошегува со колегата од Ливерпул, Јирген Клоп кој има голема желба да ја освои Премиер лигата.

-Тој сака да го освои првенството на Англија, а јас Лигата на шампионите. Можеме да ги размениме трофеите, изјави Гвардиола,

Минатата сезона Ливерпул ја освои Лигата на шампионите, додека Манчестер сити го освои првото место во Премиер лигата, пред Ливерпул.

Оваа сезона по 13 одиграни кола, Ливерпул е прв на табелата со девет бода предност пред тимот на Гвардиола.

Треба да знаете
Последни објави