Геолошка служба на САД: Епицентарот на земјотресот 30 километри северозападно од Тирана, на длабочина од 20 километри

Силниот земјотрес што се случи денеска во раните утрински часови во Албанија, бил со магнитуда од 6,4 степени, додека епицентарот бил 30 километри северозападно од Тирана на длабочина од 20 километри, соопшти денеска Геолошко-топографскиот институт на САД.

По земјотресот, кој се случил во 4 часот наутро по локално време, имало и неколку афтершокови со три помали потреси со интензитет од 5.1-5.4 степени кои делумно се почувствувале во Северна Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Ударите предизвикале уривање на објекти, засега има информации за најмалку деветмина загинати. Се страхува дека под урнатините се затрупани повеќе лица.

Треба да знаете
Последни објави