ЕУ со поддршка за Албанија: Стоиме солидарно со вас

Шефицата на ЕУ за дипломатија, Федерика Могерини и комесарот за хуманитарна помош и управување со кризни ситуации, Кристос Стилијанидис, испратија порака за поддршка на Албанија по разорниот земјотрес.

„По разорниот земјотрес, што утрово ја погоди Албанија и предизвика загуба на животи и многубројни повредени, изразуваме наше длабоко сочувство со народот и властите на Албанија“ се наведува во писменото соопштение на Могерини и Стилијанидис.

Тие додаваат дека ЕУ е во контакт со албанските власти за да се идентификуваат најдобри начини на помош во овие тешки моменти.

„ЕУ стои солидарно со граѓаните на Албанија и е подготвена да ѝ понуди помош, вклучително и отворање на европскиот механизам за цивилна заштита“ се наведува во писменото соопштение на претставниците на ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави