Затвореник во Идризово по расправија во ќелија завршил на клиника

Затвореникот Б.Р. (42 г.) од с.Студеничани завршил на комплексот клиники „Мајка Тереза“ откако по расправија со лицето С.Б. (35 г.) во ќелијата се здобил со повреда нанесена од остар предмет. Настанот е пријавен во 20.05 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Идризово.

Според пријавеното, со повредата Б.Р се здобил околу 18.30 часот во една од ќелииите, откако претходно имал расправија со затвореникот С.Б. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави