По децениско уназадување на енергетиката и злоупотреби, енергетиката со мерките на СДСМ е на прав пат. Цената на струјата е стабилизирана и престана да расте. Имаме најниска цена на струјата во Европа, за разлика од црните години на владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога цената на струјата се покачи за 100 отсто. Го исполнивме едно од клучните ветувања од „План за живот” и ја вративме евтината тарифа на струја.
Домашното производство на струја расте, денес не увезуваме туку продаваме. За 2 години ЕСМ продаде електрична енергија во износ од 40 милиони евра. ЕСМ бележи добивка од 80 милиони евра и тие средства се вложуваат во мерки против аерозагадувањето.
Додека Мицкоски беше директор на ЕЛЕМ се водеше најлошата енергетска политика, граѓаните плаќаа огромни сметки, а парите се трошеа на изградба на рајски градини.
Тоа е разликата помеѓу концептите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ злоупотребуваше и искористуваше, СДСМ ја враќа енергетиката на прав пат, цената на струјата е стабилизирана, се повеќе пари остануваат кај граѓаните.