Москва и Анкара преговараат за нова испорака на ракетните системи С-400

Русија се надева дека ќе склучи договор со Турција за испорака на повеќе противвоздушни ракетни системи С-400 во првата половина на следната година, изјави денеска Александар Микеев, директор на рускиот државен извозник на оружје „Рособоронекспорт”.

Микеев рече дека Москва и Анкара водат интензивни преговори за измена на оригиналниот договор, со цел на Турција да и бидат испорачани уште системи С-400. Тој додаде дека моментално се разговара и за финансиски прашања.

Директорот истакна дека воено-техничката соработка на двете земји не е ограничена само на тој систем и дека двете земји „имаат големи планови за иднината”.

како што пренесуваат медиумите, таквиот потег би можел дополнително да придонесе за влошување на односите помеѓу турција и САД, кои претходно, поради купување на С-400, ја прекинаа продажбата на борбени авиони Ф-35 за Анкара.

Вашингтон ј предупреди Турција и на можни санкции, наведувајќи дека руските ракети не се компатибилни со одбранбениот систем на НАТО, но се уште не ги воведе.

Треба да знаете
Последни објави