Нов земјотрес во Албанија од 4,7 рихтери, почуствуван и во Македонија

Нов земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала бил регистриран во Јадранско море неколку минути по 14 часот. Епицентарот е на 38 километри од Тирана, на длабочина од два километра. Земјотресот е почувствуван и во земјава.

Во силниот земјотрес што се случи ноќеска со јачина од 6,4 степени според Рихтер, во Албанија загинаа над десет лица, а стотици се повредени.

По силниот земјотрес во Албанија, попладнево кај нас почувствуван беше уште еден земјотрес чиј епицентар беше во градот Мостар.

 

Треба да знаете
Последни објави