Владата на Република Северна Македонија на денешната седница како прва точка ќе ги разгледа сите можности за помош на Албанија по ноќешниот силен земјотрес во кој има и човечки жртви.
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска изрази сочуство до семејствата на загинатите и кажа дека тој утринава веќе неколку пати зборувал со албанскиот министер за надворешни работи со цел да ги чуе нивните потреби за помош.
Османи информираше дека екипа од дваесетина спасувачи во координација со Дирекцијата за заштита и спасување веќе се подготвуваат да одат во погодените места.