Тевдовски ќе го засили Надзорниот одбор на УНИ банка

Поранешниот министер за финансии, Драган Тевдовски е предложен за нов независен член на Надзорниот одбор на Универзална Инвестициона Банка АД. Тевдовски ќе биде избран на Собранието на банката чија седница е закажана за 30 декември годинава.

УНИ банка ја објави предлог одлуката на Македонска берза. Тевдовски ќе има мандат во Надзорниот одбор од четири години, со претходна согласност од Народна Банка.

Тевдовски беше министер за фианансии во Владата на Зоран Заев се до таканаречената „метла“ кога мораше да замине од функцијата.

Треба да знаете
Последни објави