Треба да се очекуваат уште стотина потреси со послаб интензитет

Во Албанија и во регионот сизмичката активност по утринскиот силен потрес ќе трае со месеци. Тлото по главниот земјотрес со епицентар во Драч ќе се тресе уште неколку стотина пати, предупредупредуваат сеизмолозите од регионов.

Според нив по главниот потрес кој имал јачина од 6,4  степени според Рихтер, веднаш се регистрирани 50 до 60 земјотреси со помал интензитет. Овој потрес во Драч на просторот на Албанија е најсилен по последните 30-40 години. Во околината на Драч пред два месеци во околината на овој град имаше потрес од 5,4 степени. Тогаш имаше повредено 70 луѓе, а беа оштетени 500 куќи.

Сеизмолозите очекуваат дека земјотреси ќе има во целиот регион, но со многу помали потреси. Тие не очекуваат магнитуда на потресот да надмине 6 степени според Рихтеровата скала. Какви би биле последиците од овие потреси ќе зависи дали епицентарот ќе биде во населено место или во околина, какви објекти има на тоа подрачје и во кој период од денот ќе се случат. Сеизмолозите објаснуваат дека земјотресите неможат да се предвидат, нема сезона во годината кога се случува и дека не дозволувуваат простор за евентуална евакуација.

Од земјотресите единствено може да се заштитиме доколку се градат објекти кои се сеизмички тестирани и заштитени од поголеми потреси.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави