Француски фармер казнет со 8.000 евра поради неподнослива смрдеа на неговата штала

Францускиот фармер Николас Барди ќе мора да плати казна од 8.000 евра поради неподносливата смрдеа од неговите крави, откако по однос на ова прашање со својот сосед се судел цели 10 години.

Францускиот суд во пресудата наведе дека Барди чувал стогови сено речиси под прозорецот на кујната на неговиот сосед.

Со ова е завршена десетгодишната правна битка на Барди и соседот, кој го тужел за несоседско однесување, поради начинот на кој ги чувал кравите.

Соседот тврди дека Барди ги чувал кравите во нелегален објект во близина на меѓата на двата имота.

Особено се жалел на таложењето на сено, кое според неговиот исказ, предизвикувало силен и иритирачки мирис.

На Барди со сегашната судска одлука му е наложено да плати отштета од 6.000 евра и уште 2.000 евра за судски трошоци и ќе мора да ја премести шталата.

„Ова е глупост што достигна крајни граници“, изјави Барди за локалните медиуми, додавајќи дека тој веќе потрошил 10.000 евра во текот на правниот спор.

Семејството Барди одгледува добиток во Лакапел-Вискамп во јужна Франција веќе шест генерации.

Случајот предизвика тензии меѓу рурална и урбана Франција, при што 12.000 луѓе потпишаа петиција за поддршка на Барди.

Треба да знаете
Последни објави