Таа во последните неколку дена ги споделува убавините на Малдиви со серија фотографии што предизвикуваат завист.
Но, Емили Ратајковски во вторникот сакаше сите очи да бидат вперени во неа, а не во идиличното опкружување.

28-годишната актерка позира во бикини покрај Индискиот океан за време на одморот во луксузниот ресорт.
Фотографиите беа најнови на Инстаграм профилот на Емили, додека со сопругот Себастијан Беар-МекКлард ужива во чудесната авантура на Малдиви.
Емили последниве неколу дена практично живее во нејзиниот костим за капење.

Костимот е од нејзината линија за облека Инамората која што ја лансираше во 2017 година.
Ѕвездата ја промовира колекцијата на својот профил на Инстаграм, каде што таа таа самата е манекен.
„Линијата е самофинансирана. Јас во основа имам консултант и асистент и тоа е се што ми треба. Навистина е забавно “, изјави таа за Vogue во 2017 година.
„Правам различни работи со различни луѓе, но да се има целосна контрола е навистина посебно и возбудливо“.




