Автобус удри пешак во Маџари

На 26.11.2019 во 12.30 часот на улица „Благоја Стевковски“ во Скопје, автобус „Лаз“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Љ.Т.(56)  од Скопје, удрил во пешакот Г.Г.(63)  од Скопје. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

 

Треба да знаете
Последни објави