Сакаме да ја известиме јавноста дека Алијансата за Албанците ги откажа сите празнични активности планирани за 28 ноември. Алијансата, исто така, привремено ги прекина партиските активности за да се солидаризираме со нашите браќа погодени од земјотресот со трагични последици.Лидерот Зијадин Села, исто така, ја прекина дневната политичка агенда и откажа неколку претходно закажани јавни настапи. Општините предводени од кадарот на Алијансата, како што се Гостивар, Боговиње и Врапчиште, ги откажаа сите празнични активности планирани за 28 ноември. Алијансата за Албанците ги стави сите свои човечки и материјални ресурси во служба на луѓето погодени од земјотресот, при што екипа од одделот за здравство при Алијанса за Албанците, како и неколку млади од Младинскиот Форум на АА веќе стигнаа во Албанија за да им помогнат на погодените од природната непогода.