Бредли Купер ја покажа својата нежна страна додека се шеташе со ќеркичката

Холивудскиот заводник, актер и режисер, Бредли Купер (44), честопати е фатен во моменти кога не е ништо друго, освен татко, па така неодамна е фотографиран на прошетка со ќерката Леа де Сена (2), која ја има со руската манекенка Ирина Шајк (33).

Бредли е многу приврзан за својата ќерка, па по раскинувањето со убавата Ирина, тој го користи секој слободен момент да го помине со малата Леа.
Актерот е фатен во сосем опуштено издание, како во прегратка ја носи ќерката која не ја симнуваше насмевката од лицето, а нивната блискост е повеќе од очигледна.

Холивудскиот заводник откри дека татковството целосно го сменило и му помогнало да се ослободи од одредени стравови.

„Татковството ми овозможи подобро да го разберам моето детство, да се ослободам од стравот од самоосуда. Сега повторно можам да играм со играчки цел ден, без да размислувам дека тоа е чудно. Или да гледам цртани филмови цел ден, без чувство дека ги трошам моето време и мојот живот“, рече Бредли.

Треба да знаете
Последни објави