(Видео) Американската полиција тајно тестира кучиња-роботи

Неодамна во САД се дозна дека полицијата во своите акции тајно тестирала хај-тек кучиња-роботи, поради што реагираа организациите за човекови права.

Откако државната полиција во Масачусетс објави видео-демонстрација на тест на кучето-робот, наречено Спот, американската унија за граѓански слободи (ACLU) упати јавно барање до компанијата „Бостон динамикс“, да обелодени колку долго се користи овој вид на технологија од страна на полицијата.

Организацијата од свои извори, има податоци дека полициските кучиња-роботи, способни да отворат врати и да избегнуваат друг вид на препреки, веќе биле користени за време на неколку акции, пренесува „Индипендент“.

„Владата често започнува да ја користи оваа технологија пред да може да реагираат социјалните, политичките или правните системи“, велат од ACLU.

„Итно ни треба поголема транспарентност од владините агенции, чија должност треба да биде да ја извести јавноста за плановите за тестирање и спроведување на нови технологии“, се додава во соопштението на организацијата.

Според информациите кои во ACLU ги добиле од „Бостон Динамикс“, државната полиција склучила договор со таа компанија, во која било договорено тестирање на кучиња роботи од 7. август до 5. ноември.

Сепак, полицијата се огласи со соопштение дека таа го користела Спот само во два наврати.

Треба да знаете
Последни објави