Приведени се лица кои се обиделе да го демолираат зелениот кров на ГТЦ. Ова го соопшти на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Тој објави и видео за настанот.
„Во текот на вчерашниот ден го најавив завршувањето на зелениот кров на ГТЦ и види чудо, одеднаш, некои ‘чудни сили’ решиле ноќеска да направат обид за негово демолирање.
Сторителите се фатени на дело, приведени и предадени во полиција.
Јас, заедно со Вас почитувани, ќе бидам упорен во борбата за овој град да стане поубав и попристоен, а “чудните сили” нека тераат. Осудени се на пропаст“, напиша Шилегов на Фејсбук.