Водечкото трио во мак-фудбалот гостува во денешното прекуредно коло

Водечкото трио во мак-фудбалот, лидерот Вардар, куп-победникот Академија Пандев и шампионот Шкендија, во денешното прекуредно 16. прволигашко коло (13 часот) ќе имаат незгодни гостувања. Вардар кој има четири бода предност во однос на Академија Пандев, а седум повеќе од Шкендија, ќе треба да им се врати на победите во Кратово против Силекс.

Тимот од Кратово на седумте домашни мечеви има дури шест победи, а „црвено-црните“ ги зафати резултатска криза во пресрет на овој дуел. Дополнителен проблем за Вардар е што денеска ќе ги нема во составот Филип Најдовски и Али Адем.

Академија Пандев ќе гостува во Чаир кај Шкупи, кој веќе четири меча по ред ремизира. Ако чаирчани сакаат да остане во трката за Европа ќе мораат да почната да победуваат. Гостинот од Струмица во своите редови ќе го нема Љупчо Дориев, но доаѓа во Чаир како трет тим кој на  гостувањата има освоено девет бода. Со триумф во Чаир ќе останат во трка за есенската титула со Вардар.

Шкендија ќе гостува кај дебитантот во прволигашката конкуренција Струга, која на домашен терен претходно го совлада Вардар. Стружани ги пречекуваат тетовските „црвено-црни“ во период кога почнаа да фаќаат залет за пробив кон врвот.

Во преостанатите две прсеметки од ова коло Ренова и Работнички ќе бараат бодови за бекство од опасната зона. Ренова веќе пет меча е во криза, која ќе се обиде денеска да ја прекине прптив Макеоднија ЃП. Поранешниот шампион Работнички е закован на дното, и несмее денеска да си дозволи да не ги освои трите бода од пресметката со дирекниот конкурент Борец. Ако им се случи тоа и денеска ќе бидеат најсериозне кандидат за испаѓање од прволигашкото друштво.

ПРВА ЛИГА, 16. КОЛО (13 ЧАСОТ)

КРАТОВО: Силекс – Вардар

АРЕНА: Работнички – Борец

ЧАИР: Шкупи – Академија Пандев

ТЕТОВО: Ренова – Македонија ЃП

СТРУГА: Струга Трим Лум – Шкендија

ТАБЕЛА: Вардар 31 бод, Академија Пандев 27, Шкендија 24, Силекс 22, Македонија ЃП 21, Шкупи 19, Струга ТЛ 19, Борец 16, Ренова 15, Работнички 11.

 

Треба да знаете
Последни објави