Во стомакот на мртов елен во Тајланд, пронајдени 7 килограми пластика и ѓубре

Во стомакот на мртов елен пронајден во национален парк во северниот дел на Тајланд пронајдени биле 7 килограми ѓубре.

Службениците од националниот парк во желудникот на животното, меѓу останатото, пронашле и машки гаќи, пластични кеси и веќички за инстант кафе.

Кун Сатхан, официјален претставник на националниот парк, рече дека еленот хранејќи се, долго време консумирал и од пластиката која посетителите ја расфрлаат низ паркот.

Претходно, во националниот парк регистриран е уште еден ваков случај на смрт на животно.

„Веруваме дека еленот внесувал пластика и отпад долго време пред неговата смрт“, изјавил директорот на Националниот парк, за Би-би-си.

Тој најави проект за собирање на отпад во паркот, за кој ќе го ангажираат локалното население. Директорот исто така најави едукација на локалното население и туристите за тоа како фрлената пластика во националниот парк штети на животната средина и на животните.

Треба да знаете
Последни објави