Актерот Бил Козби (82) многу бргу го помина патот од омилен американски татко до омразен сексуален предатор. На омилениот забавувач му се закануваше казна од три до десет години затвор поради низа силувања.
Пред два месеца тој беше осуден на десет години затвор. Аферата почна пред 15 години, а од една, бројот на жртвите на Козби се зголеми на 15. Козби првпат откако е зад решетки, го интервјуираат медиумите.
„Ми останаа уште осум години и девет месеци. Кога ќе побарам условна казна, нема да им кажам дека се каам. Јас сум бил таму, не ми е гајле која група луѓе доаѓаат и зборуваат за тоа кога не беа таму. Тие не знаат“, изјави актерот за ННПА.
„Сè е наместено, сè што е врзано за поротата“, додаде тој додека разговараше по телефон од СЦИ Феникс, затвор во Пенсилванија.
Тој исто така откри како ги менторирал афроамериканските затвореници преку програмата за реформи.
„Јас сум привилегиран човек во затворот, мојата ќелија е мојот пентхаус“, заклучи тој.
Козби можеше да добие максимална казна од 30 години затвор поради дрогирање и сексуален напад вра Андреа Констанд во 2004 година. За него се верува дека добил полесна казна поради староста.