Левандовски ѝ даде четири гола на Звезда, Тотенхем славеше по 0:2 за Олимпијакос

Пари Сен-Жермен повторно се покажа како непремостлива пречка за Реал Мадрид, откако „кралевите“ на Зинедин Зидан пропуштија водство од 2:0 во последните 10 минути од мечот и одиграа само 2:2 на „Сантијаго Бернабеу“ во дербито од петтото коло од Лигата на шампиони.

Тотенхем на Жозе Мурињо покажа одлична истрајност, враќајќи се од 0:2 негатива за 4:2 победа над Олимпијакос.

Јувентус со гол на Пауло Дибала стигна до минимална 1:0 победа над Атлетико Мадрид.

Балканските претставници немаа многу среќа – Баерн Минхен ја „уништи“ Црвена звезда среде Белград (0:6), а Роберт Левандовски постигна четири гола, додека Динамо Загреб загуби со 2:0 на „Сан Сиро“ од Аталанта за да ја искомпликува ситуацијата во групата Д.

Карим Бензема во 17. и во 79. минута покажа дека е во одлична форма со два гола за Реал, меѓутоа, прво Килијан Мбапе во 81. минута, а потоа Пабло Сарабија во 83. минута ја анулираа оваа предност на домашниот тим за фрустрирачки резултат за Зидан.

Мечот во Мадрид исто така беше одбележан со еден од најбизарните примери за користењето на ВАР-технологија. При крајот на првото полувреме, судијата прво покажа црвен картон за голманот Тибо Куртоа и пенал за ПСЖ, за по прегледувањето на снимките да одлучи да даде слободен удар на половината на ПСЖ!

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 5.КОЛО

ГРУПА А

Галатасарај – Клуб Бриж 1:1

Реал Мадрид – Пари Сен-Жермен 2:2

Табела: 1.ПСЖ 13, 2.Реал Мадрид 8, 3.Бриж 3, 4.Галатасарај 2

ГРУПА Б

Тотенхем – Олимпијакос 4:2

Црвена звезда – Баерн Минхен 0:6

Табела: 1.Баерн М. 15, 2.Тотенхем 10, 3.Црвена звезда 3, 4.Олимпијакос 1

ГРУПА Ц

Манчестер сити – Шахтјор 1:1

Аталанта – Динамо Загреб 2:0

Табела: 1.Манчестер сити 11, 2.Шахтјор 6, 3.Динамо З. 5, 4.Аталанта 4

ГРУПА Д

Локомотив Москва – Баер Леверкузен 0:1

Јувентус – Атлетико Мадрид 1:0

Табела: 1.Јувентус 10, 2.Атлетико Мадрид 7, 3.Баер Л. 6, 4.Локомотив М. 3

РЕАЛ МАДРИД – ПАРИ СЕН-ЖЕРМЕН

ТОТЕНХЕМ – ОЛИМПИЈАКОС

ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – БАЕРН МИНХЕН

МАНЧЕСТЕР СИТИ – ШАХТЈОР

ЈУВЕНТУС – АТЛЕТИКО МАДРИД

Треба да знаете
Последни објави