Лора Дерн носеше црн елегантен комплет додека разговараше на сцена за својата кариера, настан во Лос Анџелес организиран од страна на фондацијата SAG-AFTRA.
Програмата за разговори нуди инспиративни прашања и одговори (Q& As) како и кариерски ретроспективи со врвни актери. Оваа програма е презентирана во Лос Анџелес, Њујорк и други градови во САД.
52-годишната актерка се отвори за својата кариера на настанот, што се одржа во салата на скрининг фондацијата САГ-АФТРА во вторникот вечерта.
Актерката има два филма со добри рецензии и се сметаа за фаворити во пресрет на сезоната на доделување награди – Marriage Story (Брачна приказна) во кината од 6 декември и Little Women (Мали жени), кој пристигнува на Божиќ.
Дерн носеше костим од црни панталони со уникатно палто со мало деколте, и лабава ролка околу вратот.
За време на настанот, модериран од Стејси Вилсон Хант, актерката се осврна на нејзината иконска кариера.