Медитеранска асоцијација на извозници: Да се обидеме со македонските партнери да излеземе на трети пазари

Турски компании од Медитеранската асоцијација на извозници, Здружение на производители и трговци со прехранбени производи и риба, им нудат соработка на македонски стопанственици и партнерство за настап на трети пазари.

Претставници на Асоцијацијата денеска, во организација на Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО), имаа средба со над 20 македонски дистрибутери на храна.

-Ако можеме да бидеме присутни на 150 светски пазари, треба да бидеме и кај соседите. Денес се сретнавме со сериозни македонски дистрибутери на храна. Средбите беа квалитетни и ветувачки. Ние сме извозници, зошто да не извезуваме заедно на трети пазари. Преку заеднички вложувања можеме да креираме производство за трети пазари, рече претседателот на Здружението и сопственик на компанија за конзервирање туна и производство на пилешки салами, Али Џан Јаманјилмаз.

Потпретседателот на MATTO и генерален менаџер на „Рамстор”, Узун Ајхан, ја претстави Северна Македонија како пријателска земја во која има потенцијал за развивање бизниси и сигурност. Тој истакна дека треба да се разговара за забраната за увоз на пилешко месо и преработки, бидејќи, како што рече, таквата забрана постои од страна на ЕУ.

Турските компании, членки на Медитеранската асоцијација кои имаа Б2Б средби со македонски фирми, беа од Мерсин, Адана и Коња и сите се извозници во ЕУ, Северна Африка, Блиски Исток и Кавказ. Според МАТТО, тие можат да бидат партнери или конекција на македонски фими за овие трети пазари. Асоцијацијата, основана во 1937 година, брои осум струкови здруженија низ цела Турција. Нејзините членки извезуваат во 150 држави.

Треба да знаете
Последни објави