Неверојатно деби на „Frozen 2“ со заработка од 173 милиони долари

Дизниевиот Frozen 2 ја измами конкуренцијата на благајните во Северна Америка, каде што семејната публика ја подигна анимираната авантура до неверојатно деби во износ од 130 милиони американски долари.

Продолжението започна над очекувањата пред Денот на благодарноста, а се очекува да влезе во доста профитабилна рамка за празници.

Frozen 2 постави ноемвриски рекорд за анимиран филм и е најголемото отворање досега за анимацијата на Волт Дизни (не вклучувајќи го Pixar). Исто така, тоа е првиот анимиран филм кој на скалата достигна троцифрена бројка на својата премиера вон лето.

Во странство, анимираната авантура генерираше 223 милиони американски долари за масовен глобален почеток од 350 милиони американски долари.

Првиот Frozen лансиран пред Денот на благодарноста во 2013 година, собра 93 милиони американски долари во првите пет дена во кината.

Исто како и хитовите “Do You Want to Build a Snowman?” и “Let It Go” кои станаа класици, оригиналниот филм стана сертифицирана сензација и сè уште е анимиарн филм со најголема заработка филм во историјата –  1,3 милијарди американски долари од продажба на билети ширум светот.

Frozen 2 доби нешто помалку ентузијастички, иако сè уште блескав, прием од публиката, која додели A-CinemaScore  (или чиста петка) во споредба со првиот Frozen кој доби А+ (пет плус).

edkids – Moviestill Frozen 2 opens 21 November
Copyrights:The Walt Disney Company (Southeast Asia)##########frozen14##########The Walt Disney Company (Southeast Asia)

Продолжението е повторно во режија на Џенифер Ли и Крис Бак, како и на оригиналните текстописци Кристен Андерсон-Лопез и Роберт Лопез

Треба да знаете
Последни објави