Жители на рускиот град Ижевск, разоткриле државјанин на Русија кој имал за цел на странски специјални служби да им предаде информации за тајни воено-вселенски проекти, соопшти Федералната служба за безбедност (ФСБ), а пренесе „Спутник“. Како што се наведува, човекот имал намера да формира организација на територијата на Русија, чијa примарна цел би била да се собираат информации. Откако руските служби извршиле проверка кај него, утврдиле дека тој и во минатото имал пристап до државни тајни, што сега не е случај.
„Мотив за ваквите активности била желбата за збогатување“, се вели во соопштението.
Бидејќи било спречено да се случи предавство, кривичен случај нема да биде покренат, но до осомничениот е издадено формално предупредување дека во никој случај нема да му биде дозволено да создаде услови за повторување на делото.
ФСБ не откри од каде Русинот имал намера да ги добие класифицираните информации.
Познато е дека Ижевск има фабрика која произведува уреди за вселенски ракети, сателити и вселенски станици. Покрај тоа, во федералната држава Удмуртија, чиј главен град е Ижевск, се наоѓа и воен институт. Таму сериски се производуваат воени ракети како „Топољ-М“, „Искендер-М“ и „Булава“.