Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мексиканските картели ќе ги прогласи за терористички групи поради нивната улога во трговијата со дрога и луѓе, на што Мексико брзо одговори со барање за разговори.
„Јас работев на тоа последниве 90 дена. Не е толку едноставно, има процес и ние сме длабоко во тоа“, рече Трамп, пренесува „Ројтерс“.
Набргу потоа, мексиканското Министерство за надворешни работи издаде изјава во која се вели дека брзо ќе се одржи средба на високо ниво со претставници на американскиот Стејт департмент за решавање на законоската регулатива, како и протокот на оружје и пари за организиран криминал.
„Министерот за надворешни работи ќе контактира со неговиот колега Мајкл Помпео за да разговара за ова многу важно прашање за билатералната агенда“, велат од министерството.
Штом една рупа се прогласи за терористичка организација, според законот на САД незаконски е луѓето во Соединетите Држави свесно да ѝ нудат поддршка и нејзините членови не можат да влезат во земјата и можат да бидат депортирани.