Хрватските просветари денеска одлучуваат за понудата на владата

Хрватските синдикати на вработените во образованието денеска одлучуваат за најновата понуда на владата за зголемување на платите за 10,4 отсто, во кое ќе биде пресметано и претходното ветување за зголемување на платите на сите вработени во државниот сектор за 6,11 отсто.

Наставниците од Основното училиште „Ксевер Шандор Галски” од Забок во меѓувреме со фотографија покажаа што мислат за владината понуда за зголемување на платите. Тие утринава на една Фејсбук страница објавија фотографија на која држат натпис на кој пишува „Не”.

Штрајкот во хрватските училишта ќе биде продолжен до петок, а дали потоа ќе продолжи ќе зависи од тоа дали синдикатите ќе го прифатат пакетот за зголемување, што синоќа им го понуди владата.

Синдикатите најавија дека денеска понудата на владата ќе ја стават на гласање, а потенцираа дека тоа не е тоа што го бараа.

Штрајкот на вработените во просветата трае повеќе од еден месец.

Треба да знаете
Последни објави