Претседателот на САД, Доналд Трамп ја продолжи годишната традиција во Белата куќа и помилува две мисирки спроти Денот на благодарноста.
Мисирките што ќе бидат поштедени оваа година од ужасната судбина да завршат на празничната маса се нарекуваат Леб и Путер, пишува „Би-би-си“.
Птиците ја минале ноќта во луксузниот хотел „Вилард интерконтинентал“ пред церемонијата на помилување пред да бидат донесени во Вашингтон.
Мисирките ќе бидат преместени во нов дом во Вирџинија, заедно со други помилувани мисирка.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 26, 2019
Претседателот на САД, Џорџ В. Буш, ја воведе традицијата на годишно помилување на мисирки во 1989 година кога го поштеди животот на една мисирка која
тежеше околу 23 килограми.