Емили Ратајковски во бикини го впива сонцето на Малдиви

Таа во последните неколку дена ги споделува убавините на Малдиви со серија фотографии што предизвикуваат завист.

Но, Емили Ратајковски во вторникот сакаше сите очи да бидат вперени во неа, а не во идиличното опкружување.

28-годишната актерка позира во бикини покрај Индискиот океан за време на одморот во луксузниот ресорт.

Фотографиите беа најнови на Инстаграм профилот на Емили, додека со сопругот Себастијан Беар-МекКлард ужива во чудесната авантура на Малдиви.

Емили последниве неколу дена практично живее во нејзиниот костим за капење.

Костимот е од нејзината линија за облека Инамората која што ја лансираше во 2017 година.

Ѕвездата ја промовира колекцијата на својот профил на Инстаграм, каде што таа таа самата е манекен.

„Линијата е самофинансирана. Јас во основа имам консултант и асистент и тоа е се што ми треба. Навистина е забавно “, изјави таа за Vogue во 2017 година.

„Правам  различни работи со различни луѓе, но да се има целосна контрола е навистина посебно и возбудливо“.

 

 

Треба да знаете
Последни објави