Кисела Вода хортикултурно уреди дел од тревните површини

Општина Кисела Вода по барање на граѓаните хортикултурно уреди дел од тревните површини на својата територија. Денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски заедно со претседателот на Советот, Дарио Шимиќ и секретарот на Општината, Александар Алексовски на повеќе локации засади нови зимзелени декоративни садници. Отсега вкупно 100 садници од родот Туја ги разубавуваат парковите. Садниците се донација од „Цемeнтарница Усје”.

Минатата седмица, Градот Скопје спроведе голема акција за зазеленување на парковите во Кисела Вода.

Треба да знаете
Последни објави