Смртна казна за седуммина екстремисти за нападот во 2016 година врз кафуле во Дака кога беа убиени 20 лица

Специјалниот трибунал за борба против тероризмот во Бангладеш денеска на смртна казна осуди седуммина членови на забранетата екстремистичка група заради учество во напад врз кафуле во Дака, пред три години, кога беа убиени повеќе од 20 лица.

Судијата Модџибур Рахман ги прогласи за виновни припадниците на групата „Џуматул муџахедин”, меѓудругото, и за планирање на нападот, составување бомба и за убиство.

Пресудата ја изрече во преполна сала, каде беа спроведени силни мерки за безбедност.

Петмина екстремисти на 1 јули 2016 година го нападнале и отвориле оган врз кафулето „Холи Аристан”, при што земале дел од гостите за заложници.

Во нападот беа убиени 20 заложници, меѓу кои и 17 од Јапонија, Италија и Индија. Драмата траеше полни 12 часа по што командосите ги убиле екстремистите, потестуваат американските медиуми.

Првично исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, што владата на Шеик Хасин го отфрли, тврдејќи дека за тоа е одговорна екстремистичката група од земјата.с

Треба да знаете
Последни објави