Ѓаволски мост: Забрането е минување преку него, а од далеку восхитува со својата убавина

Уникатен мостот се крие во природниот парк Кромлауер во Германија.

Неговата изградба била нарачана од витез од блискиот град Кромлау во 1.860 година. Народот го градел од камења и материјали кои можеле да се пронајдат во околината.

Мостот е познат како „Ракобрук“ или Ѓаволски мост, што е заслуга за суеверието на народот. Mостот е направен без дополнителни потпори и има само еден многу тенок лак со толку правилна форма што кога се одразува во водата изгледа како да формира совршен круг. Поради ваквата прецизнот, луѓето верувале дека такво нешто мора да биде дело на ѓаволот.

Верувањето дека мостот е изграден од некаков демон, го потврдуваат и базалтските карпи кои стојат од двете страни на реката како украси.

Бидејќи мостот е тесен и стрмен и не е безбеден за минување, честите инциденти кои настанувале поради тоа, дополнително го поткрепиле верувањето дека станува збор за „дело на зли сили“.

Денес, забрането е преминување на мостот, со цел да се задржи без оштетувања колку што е можно подолго, а туристите тоа не им пречат, бидејќи за да се регистрира целосната убавина на мостот и совршената рефлексија на круг, треба истиот да се гледа од далечина.

Треба да знаете
Последни објави