Баба од Велика Британија веќе 80 години ја украсува истата елка

Осумдесет и двегодишната Вилма Џејн Грејнор од Велика Британија веќе 80 години ја украсува истата елка. Малото вештачко дрвце што го добила во 1937 година ја преживеало Втората светска војна, како и 16 миграции низ целата земја.

View image on Twitter„Денес, кога изгубив толку многу пријатели, ова дрвце ме потсетува на тоа колку беше убав мојот живот“, изјавила Вилма, која живее со својата 14-годишна мачка Кенди.

Внуката на Џејн, Кејтлин (23), вели дека тоа дрвце е важен дел од нивното семејство.

„Пораснав со приказните за оваа елка, таа е дел од семејната историја“, вели  таа.

Украсите исто така имаат посебна историја. Уште како малечка правела украси од стара хартија во која биле завиткани крекери, но и од старите обетки на нејзината мајка.

Вилма, која исто така е прабаба, вели дека елката преживеала 6 преселби и дека притоа нејзиното дрво секогаш било најдобро обезбедено.

Таа се надева дека нејзините потомци подеднакво ќе ја ценат и ќе ја сакаат елката дури и кога таа нема да биде меѓу живите.

Треба да знаете
Последни објави