Бројот на лица кои загинаа од силниот земјотрес во Албанија се зголеми на 40, соопшти министерството за одбрана на таа земја. Албанското министерство за здравство и социјална заштита претходно соопшти дека 658 лица се повредени во земјотресот со силина од 6,4 степени според Рихтер, кој тоа подрачје го погоди во вторникот наутро.
Спасувачките тимови и натаму трагаат по исчезнатите. Европскиот медитерански сеизмолошки центар објави дека во последните 44 часа во Албанија се почуствувале 43 земјотреси.
Во текот на ноќта во Тирана и Драч во 23.19 часот земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтер предизвика паника меѓу населението.