Откако официјално беше објавено дека фудбалскиот ас Златан Ибрахимовиќ станал акционер во шведскиот клуб Хамарби од Стокхолм, навивачите од матичниот клуб на гол-мајсторот Малме се налутија и ја оштетија неговата статуа поставена во негова чест пред нивниот стадион. Додека навивачите се револтирани на ваквиот потег од Ибрахимовиќ, „Би-Би-Си“ открива зошто тој се одлучил да инвестира во клубот од Стокхолм, а не во матичниот Малме.
Ибракадабра и неговите финансиски советници процениле дека Хамарби е клуб добар за инвестирање, бидејќи ќе напредува и ќе се развива.
Хамарби заврши на делба на втората позиција со Малме, имаат по еден бод помалку од Ѓургарден и можноста да излезат на европската сцена. Капацитетот на стадионот на Хамарби е 30.000 гледачи и тој беше полн дури и кога тимот играше во втора лига. Она што му беше потребно е медиумската атрактивност, а таа дефинитивно клубот го добива со влегувањето на Ибрахимовиќ во клубот.
Ибрахимовиќ за медиумите изјави дека Хамарби има потенцијал да стане најголемиот скандинавски клуб и според „Би-Би-Си“ тоа е реалност, а не претерување.