Копенхаген: Осудени за купување беспилотни летала за терористи

Судот во Копенхаген  прогласи за виновни три лица кои ѝи помагале на терористичката организација купувајќи беспилотни летала во име на групата Исламска држава.

Според пресудата, беспилотните летала требало да се користат во борбени операции во Сирија и Ирак.

Од градскиот суд во Копенхаген велат дека мажите, од кои двајца се државјани на Данска, купиле авиони за хобисти, беспилотни летала и термални камери, компоненти за нив, како и потребни алатки и додатоци помеѓу 2013 и 2017 година, пренесува АП.

Сите се ослободени од обвиненијата за тероризам и се соочуваат со казна затвор до шест години.

Идентитетот на мажите, кои се изјаснија за невини, судот не го објави.

Треба да знаете
Последни објави