Пејачката Камила Кабељо, која што неодамна ја посети Кенсинтонската палата по повод прослава за овогодинешните финалисти на Teen Hero Awards, во интервју за БиБиСи Радио 1 открива детали за моментите поминати заедно со Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.
Пејачката призна дека Грег Џејм, водител на БиБиСи, ја предизвикал со идејата да украде нешто за време на својата посета на кралската палата и на тој начин да прослави дека е со Кејт и Вилијам.
И Камила сега откри дека не можела да одолее на предизвикот и декa навистина украла нешто.
„Ќе се сретнеме со принцот Вилијам и Кејт, направи нешто! Укради го оној молив,“ потсети Џејмс како звучел неговиот предизвик, додека пејачката ја откри нејзината страна на приказната.
„Дали ти ме предизвикуваш? Мислиш дека не можам ? Епа можам!“ рече Камила и додаде „Жал ми е за Вилијам и Кејт но морав да го украдам, бидејќи тој ме предизвика! Синоќа не можев да спијам, сега ми е многу полесно.
Се чини дека оваа постапка на Камила не ги налути членовите на кралското семејство, напротов, тие ја споделија нејзината приказна на Твитер заедно со еден смајли: две очи.