Во присуство на многу клиенти, соработници, Управата на Сава Ре и Сава Осигурување, Градоначалникот на Општина Брвеница вчера (27 ноември) беше отворена втората станица за технички преглед ,,Сава Стејшн,, во Брвеница. Првата станица за технички преглед е отворена во нас. Илинден. Опремена со опрема по највисоки стандарди ја надополнува големата слика за успехот на Сава осигурување на осигурителниот пазар. Во склоп на станицата клиентите може да добијат секаков вид на осигурување во просториите на Сава осигурување.
,,Отварањето на оваа станица претставува значаен сегмент во работењето на Групацијата Сава. Препознатливи сме по професионалниот пристап, грижата за корисниците и посветеноста на клиентите што е темел на нашата мисија за раст. Особено сме горди што на жителите на Општина Брвеница можеме да им понудиме услуги по Европски стандарди,, истакна Јошт Долничар член на Управата на Сава Ре.