Кривичниот суд на Малдиви денеска го прогласи за виновен поранешниот претседател Абдул Јамин поради перење пари и го осуди на пет години затвор.
Јамин е обвинет дека примил еден милион долари државни пари од приватна компанија за закупување на повеќе тропски острови на кои требаше да бидат изградени хотели.
Јамин исто така треба да плати и парична казна во висина од пет милиони долари.
Адвокатот на Јамин најави жалба на пресудата.