Претседателот на Пари Сен-Жермен, Насер ал-Хелаифи изрази желба следниот тренер на тимот да биде Диего Симеоне од Атлетико, пренесува „Ле 10 спорт”.
Претходно беше објавено дека сегашниот предводник на парижаните Томас Тухел може да замине во Баерн.
Сопственикот на ПСЖ ја цени работата на Симеоне и разбира дека е полесно да се победи во Лигата на шампионите со него. Тој знае дека Аргентинецот е посветен на неговата работа во Атлетико. Целта на Диего е да ја освои Лигата на шампионите со Атлетико.
Симеоне го предводи Атлетико од 2011 година. Тој го освои шампионатот, Купот и Суперкупот на Шпанија, Лигата на Европа (двапати) и Суперкупот на УЕФА. Двапати загуби во финалето на ЛШ.