Теа Голуб судијката на предметот во кој се расправасе за старателството надсинот на Северина утринава донесе привремена мерка и реши синот на Северина Којиќ и српскиот бизнисмен Милан Поповиќ да живее со таткото. Поповиќ сам ќе треба да се грижи за здравјето и образованието на детето , потврди адвокатот на Северина, Мате Матиќ. При изрекувањето на пресудата не биле присутни ниту Северина , ниту Поповиќ. Матиќ ни рече дека нема основа за таква одлука и дека ќе ги преземе сите законски мерки за да го спречи Поповиќ да го однесе неговиот син во Србија.